Бабиш порача дека никогаш нема да отстапи од премиерската должност

Чешкиот премиер Андреј Бабиш порача во петокот дека никогаш нема да отстапи, отфрлајќи го повикот на опозицијата да поднесе оставка поради наводно попречување на истрага за измама.

Коалицискиот партнер размислува да ја напушти владата откако во јавноста се појави снимка на којашто синот на премиерот Андреј Бабиш вели дека неговиот татко побарал да се сокре и така да го избегне испитувањето на полицијата. Изјавата била дадена за новинари кои синот го нашле во Швајцарија, при што било кажано дека случајот бил од минатата година.

Во четвртокот вечерта неколку илјади Чеси протестираа во престолнината Прага барајќи Бабир да си поднесе оставка.

„Никогаш нема да отстапам, никогаш. Запаметете го тоа: Никогаш!“, напиша Бабиш на својот профил на Facebook.

Опозициските партии побраа гласање во парламентот за недоверба на владата на Бабиш, коешто може да се случи следниот петок.

Полицијата минатата година го обвини Бабиш, како и двајцата негови синови, тврдејќи дека наводно манимупилрале со сопственоста на една од неговите компании за да можат да конкурираат за два милиона евра од европските фондови.

Бабиш, кој се смета за милијардер и втор најбогат човек во Чешка, која е членка на Европската унија и на НАТО, ги отфрла овие обвинувања. Исто така, ги отфрла наводите за неговиот син кои ги објави порталот Seznam.cz.

Партијата ANO, на Андреј Бабиш вториот најбогат Чех од словачко потекло, основач на големата земјоделско-прехранбена компанија „Agrofert“ кој е сопственик и на двата најголеми дневни всници во земјата, надмоќно победи на парламентарните избори во октомври 2017 година.

Премиерот на Чешка, којашто е членка на ткн Вишеградска група, кон средината на септември порача дека неговата земја нема да прими ниеден бегалец според европскиот план за нивно распределување по квоти, и ја осуди одлуката на Европската унија да покрене процес за санкционирање на Унгарија и Полска, коишто задно со Словачка се во спомената група централноевропски членки на ЕУ.