Бабовски на работна средба со Здружението на ветеринарни практичари на Србија

Директорот  на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денес оствари работна средба со г-дин Бојан Блонд, претседател на Здружение на ветеринарни практичари на Србија и со извршниот директор на Ветеринарна комора на Северна Македонија, г-дин Томислав Николовски, придружуван од претставници на Ветеринарната комора на Северна Македонија.

На состанокот директорот Бабовски беше запознаен со организацијата и функционирањето на Здружението на ветеринарни практичари на Србија кое е основано како професионално, сручно, непрофитно здружение со цел подобрување на угледот и значењето на ветеринарната струка во Србија. Земајќи во предвид дека заложба на ова здружение е остварување партнерски однос со сите ветеринарни комори во земјите од регионот, тие веќе имаат склучено договори за соработка со ветеринарните комори на Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

“Голема чест и задоволство е Агенцијата за храна и ветеринарство да даде свој придонес во остварување на визијата и мисијата на Здружението на ветеринарни практичари на Србија и неговите партнери и како и останатите ветеринарни служби во регионот, ја поддржуваме иницијативата за потпишување на договор за соработка помеѓу АХВ и Здружението”, изјави директорот Бабовски.

За време на состанокот беа презентирани и резултатите од долгогодишната успешна соработка помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Ветеринарната комора на Северна Македонија која неодамна беше зајакната и со потпишувањето на “Методологијата за утврдување на цените активностите од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните”, која како што нагласува директорот Бабовски претставува прво системско решение за решавање на прашањата кои се однесуват на дефинирање на висината на цените на ветеринарните услуги од јавен интерес, врз основа на договорени принципи.

На средбата се заклучи дека оваа соработка претставува одлична можност како за подигнување на свеста на јавноста во однос на ветеринарната струка, така и за обезбедување конструктивна и блиска соработка помеѓу сите заегнати страни што претставува клуч за успешно спроведување на професионалните активности на докторите по ветеринарна медицина.