Бачев: Стравувам дека Заев државниот Буџет и девизните резерви ќе ги чува дома

51

Реагирајќи на одлуката на премиерот Зоран Заев да го преземе и ресорот финансии, челникот на вонпарламентарната опозициска партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, во неделата за медиумите изјави дека лидерот на владејачката СДСМ на овој начин го има под своја директна контрола и големиот Буџет од три милијарди евра, како и девизните резерви.

„Слушнав дека Зоран Заев се назначил и за министер за финансии со што го става под своја лична контрола и Буџетот од три милијарди евра. Заев веќе нема насит во бесмилосниот грабеж. Заев кој е купен и контролиран од странски центар избриша се што е македонско и сега на раат го пљачка народот, оти ужива заштита на украденото од своите странски газди од НАТО кои не ги интересира грабежот туку сакаат само марионети кој верно им служат. Заев вели ќе раководел со финансиите бидејќи оваа 2019 година била економска година за повеќе пари за граѓаните. Напротив, 2019 е година за повеќе пари за Заев и фамилијата. 2019 ќе биде година кога Заев и фамилијата стануваат главни дилери на дрога што ќе им донесе 100 милиони евра профит заедно со другите бизниси. Ова го призна и самиот Заев на последниот ТВ дуел со Христијан Мицковски кога кажа дека фирмите на Заев плаќаат по десетина милиони евра данок годишно, што според даночните стапки значи дека остварува годишна добивка од 100 милиони евра”, рече Бачев.

Додаде дека граѓаните остануваат со празни раце, додека Заев „ романтичарските изјави“ отворил „светла страница и економски напредок“ со доблиќувањето до НАТО и ЕУ. Бачев притоа иронизираше дека „ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели “.

,,Заев сега ќе го има под лична контрола и Буџетот од три милијарди евра. Се плашам дека прашање на време е кога Заев ќе донесе одлука да му се доделат на чување кај него дома и државните девизни резерви.Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме бандитите и да направиме ревизија и одземање на стекнатото од позиција на власт во изминатите 30 години. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, ветувам дека онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против криминалците“, заклучи Бачев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.