Баер елиминиран од четвртолигаш во Купот на Германија

Сензација во германскиот куп во вторникот приредија фудбалерите на четвртолигашот РВ Есен кој по продолженијата со 2:1 го совлада Баер Леверкузен.

Откако мечот во регуларниот дел заврши без погодок, беа играни продолженија и Баер прв дојде во водство во 105 минута благодарејќи на погодокот на Леон Бајлеј. Меѓутоа, веќе во 108 минута израмна Огузхан Кефкир а во 115 минута Симон Егнелман го доведе РВ Есен во водство и до еден од најголемите успеси во клупската историја.

 

Пред три седмици минхенски Баерн беше елиминиран во второто коло од второлигашот Холштејн Кил кој денеска по подоброто изведување на пеналите го победи со 8:7 другиот второлигаш Дармштад 98.

Мечот по 90 минути заврши со резултат 1:1. Поведен Кил а стрелец во 58 минута беше Кани Сера, но во 86 минута Сердар Дурсун го одведе мечот во продолженијата во кои немаше погодоци, па следеа пеналите.

 

Борусија Дортмунд многу потешко од очекуванот го оствари пласманот во четврфиналето. „Милионерите“ со 3:2 победија уште еден второлигаш Падеборн, иако по само 16 минути игра водеа со 2:0, со головите на Емре Чан во 6 минута и на Џејдон Санчо. Падеборн во 79 минута намалу преки Јулијан Јуства, а во седмата минута од судиското продолжение на регуларниот тек израмни од пенал Принс Осер Овусу. Потоа следеа продолжувањата, а победата на Борусија ѝ ја донесе во 95 минута Ерлинг Халанд.

 

Во последниот денешен натпревар Вердер немаше проблеми со второлигашто Грутер Фирт, и победи со головите на Кевин Мевалд во 12 и Феликс Агу во 73 минута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.