Баер елиминиран од третолигаш

Германскиот фудбалски великан Баер Леверкузен, кој сезонава ќе игра во Лигата на шампионите, сензационално е елиминиран во првото коло од националниот куп од третолигашот Елверсберг со 3:4.

Елверсберг како домаќин трипати водеше во првото полувреме, а со голот на Кевин Конрад во 74 минута дојде до големата сензација. Домашните поведоа во 2 минута преку Јаник Рошелт а по две минути израмни Адам Хложек. Жан Ромарик Кевин Кофи од пенал во 17 минута повторно ги донесе домашните во водство, а во 30 минута Шарл Арангуиз повторни израмни, но Лука Шнејлбершер во 37 минута повторно носи ново водство кое го удвојува Конрад во 74 минута во 80 минута Патрик Шик успеа само да го ублажи поразот.

Елверсберг првпат во историјата ќе игра во третата лига, додека Баер не успеа да го мине првото коло во националниот куп првпат по 11 години. Но водството на клубот од Леверкузен мора да го загрижи нивото на играта бидејќи веќе следната седмица ќе се соочи со Борусија Дортмунд во дербито на отворањето на Бундеслигата.

Борусија Дортмунд во петокот се квалификуваше за второто коло во Германскиот куп со сигурните 3:0 против третолигашот Минхен 1860, а елиминиран е и Келн на пенали од второлигашот Регенсбург.

Второлигашот Сен Паули со 4:3 го мина нисколигашот Штрален.