Баер Леверкузен сигурен против Аугсбург

Во последниот натпревар од петтото коло на германското фудбалско првенство Баер Леверкузен на домашен терен со 3:1 го победи Аугсбург.

„Аптекарите“ поведоа од пеналот што го реализираше Лукас Аларио во 16 минута, но гостите израмнија во 52 минута преку Даниел Калигиури. Аларио во 74 минута му донесе ново водство на Баер, а победата ја потврди Муса Диаби во третата минута од судиското продолжение.

Со оваа победа Баер Леверкузен направи огромен скок од 12-то на четвртото место со 9 бодови, а Аугсбург е на 11-ти место со седум бодови.

На табелата води РБ Лајпциг со 13 бодови, бод повеќе од Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.