Баер победи, Борусија М ремизираше со Ајнтрахт

Во последната неделана средба од 22-то коло на германското фудбалско првенство, Баер Леверкузен ја победи Фортуна Диселдорф со 2:0, а во претходно одиграниот меч Ајнтрахт и Борусија Менхенгалдбах ги поделија бодовите во Франкфурт одигрувајќи 1:1.

„Аптекарите“ речиси рутински стасаа до победата, а во секое полувреме постигнаа по еден погодок. Стрелци беа Каи Хаваретц во 18 и Леон Баили во 66 минута. Баер Леверкузен со оваа победа напредуваше три места на табелата и сега е петти со 36 бодови, додека Фортуна е 12-та со 25 бодови.

Анјтрахт пред своите навивачи поведе во последните моменти од првото полувреме со голот на Дени да Коста, а израмни за Борусија Менхенгалдбах Денис Закариа во 82 минута, која се одржа на третото место со 43 бодови, пет помалку од вторпласираниот Баерн Минхен кој во петокот на гости со 3:2 го совлада Аугсбур, и седум бодови помалку од Борусија Дортмунд која во понеделник му гостува на последниот Нирнберг. Ајнтрахт е седми со 34 бодови.

Шалке и Фрајбург одиграа без голови. Шалке е 14-ти со 23 бодови, пет повеќе од зоната која води во квалификации за опстанок во лигата, а Фрајбург место погоре со бод повеќе.

Хофенјахм беше сигурен против претпоследниот Хановер и победи со 3:0. Стрелци за домашните беа Џоелинтон во 4, Белфодил во 14 и Демирбаи во 89 минута. Хофенхајм е осми со 33 бодови, а Хановер и натаму е 17-ти со 14 бодови, четири помалку од местото кое му гарантира останување во лигата.

Идентична домашна победа со 3:0 забележа и Волсфбург над Мајнц, а стрелци беа Арнолд во 4, Бегхорст од пенал во 79 и Кноше во 76 минута. Волсфбург е шести со 35 бодови, еден помалку од петтиот Баер Леверкузен и еден повеќе од седмиот Ајнтрахт. Мајнц, пак, остана на 11-то место 27 бодови.

РБ Лајпциг забележа гостинска победа со 3:1 кај Штутгарт за кој почесниот погодок го постигна Цубер во 16 минута од пенал. Стрелци за гостите беа Поулсен во 6 и во 74, како и Шабитцер во 68 минута. РБ Лајпциг е четврти со два бода помалку од третата Борусија М. но и пет повеќе од следниот на табелата Баер Леверкузен. Штутгарт со само 15 бодови е 16-ти и во следните кола го очекува борба за зачувување на прволигашкиот статус.bundeslig