Баер подобар во голеадата со Борусија Менхенгладбах

Во неделното дерби од седмото коло на германската Биндеслига во кое се сретнаа до ова коло четврто и петтопласираната екипа на табелата, Баер на домашен терен во Леверкузен со 4:3 ја совлада Борусија Менхенгладбах и ја симна за две места подолу.

Возбудливиот и содржаен меч во Леверкузен го отворија гостите во 18 минута кога Ларс Стиндл реализираше најстрога казна. Лукас Аларио во 27 минута израмни за „Аптекарите“, но по само две минути Стиндл повторно ја доведе во водство Борусија. Сепак, гостите не ја здржаа предноста до крајот на првото полувреме, кога во двобојот со Стиндел возврати Алариот во 41 минута, исто така, со својот втор погодок на мечот.

Во вториот дел Баер првпат дојде во водство во 68 минута кога погоди Леон Баилеј а водството на домашните го удвои Јулијан Баумгартлингер во 82 минита. Гостите имаа сили само да го убалажат поразот, и тоа во четвртата минута од судиското продолжение кога погоди Валентино Лазарио.

Леверкузан остана на четвртата позиција со 15 бодови, колку што има и третопласираната Борусија Дортмунд, а бод помалку од третиот РБ Лајпциг. На врвот е минхенски Баерн со 18 бодови. Борусија Менхенгладбах сега е седма на табелата останувајќи на 11-те бодови.

Вториот неделен меч, меѓу Волфбург и Хофенхајм, го одбележаа двата нереализирани пенала, по еден за секој од ривалите. Во 82 од белата точка промаши за домашните Вут Вегхорст, но поголем трагичар беше гостинскиот напаѓач Мунас Дабур кој не реализираше за израмнување во летвртта минута од судиското продолжение.

Волсфбург поведе уште во 5 минута со погодокот на Ренато Штефен, а водството го удвои Вут Вегхорст во 26 минута, а откако тој не ја реализираше најстрогата казна, пет минути подоцна во 87-та возбудливиот финиш го зачини со погодок за гостите Сергис Адамјан, па следеше трагичното промашувње на Дабур.

Волфсбург сега е шести со 11 бодови, а Хофенхајм е 13-ти со седум бодови.