Баер преку Ајнтрахт во осминафиналето на германскиот куп

18

Фудбалерите на Баер Леверкузен изборија пласман во осминафиналето од германскиот национален куп, откако во вторникот го совладаа со 4:1 Ајнтрахт од Франкфурт.

Ајнтрахт поведе уште во 6 минута со голот на Амин Јунес, а на одморот „Аптекарите“ успеаја да изрманат преку пеналот кој во 27 минита го реализираше Лукас Аларио.

Во вториот дел Баер, икао на теренот се водеше рамноправна борба, резултатски сосема го надигра противникот, а стрелци беа Едмонд Тапсоба во 49 и Миса Диаби во 67 и 87 минута. Домашните во 73 минута останаа без исклучениот Џонатан Тах.

Шеснаесетфиналето во германскиот куп во среда ќе го затвори дуелот во кој второлигашот Холштајн Кил го пречекува носителот на титулата минхенски Баерн.

 

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕТО (2-ри и 3-ти февруари)

Рот-Вајс Есен – Баер Леверкузен
Холштајн Кил или Баерн Минхен – Дармштад 98
Волфсбург – Шалке 04
Јан Регенсбург – Келн
Штутгарт – Борусија Менхенгладбах
Вердер Бремен – Гројтер Фурт
РБ Лајпциг – Бохум
Борусија Дортмунд – Падерборн

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.