Баерн ја декласираше Борусија Д

Во големото дерби на 11-то коло на германската Бундеслига, фудбалерите на минхенски Баерн со 4:0 на својата „Алијанц арена“ ја совладаа Борусија од Дортмунд и се пробија на третото место на табелата.

Баварците сосема заслужено славеа во дербито и шест дена по отказот за тренерот Нико Ковач и под провремено водство на Ханси Флик, Баерн нанижа две победи, против Олимпијакос со 2:0 во Лигата на шамионите и вечерва со 4:0 против големиот ривал дортмундска Борусија.

Пред преполните трибини на „Алијанц арената“, Баерн дојде во водство во 16 минтуа, кога гостинскиот голман не успеа да го скроти ударот на Роберт Левандовски. Во вториот дел, во 47 минута по контранапад меѓу стрелците се впиша и Серж Гнабри, а Левандовски во 76 минута повторно погоди. Само пет минути подоцна по продор и проигрување на Полјакот, бекот на Борусија Матиас Хумелс реагирашен несмасно и ја затресе сопствената мрежа.

Баер се искачи на третото место со 21 бод колку што има и вторпласираниот РБ Лајпциг, бод помалку од водечката Борусија Менхенгладбах која има и меч помалку. Борусија од Дортмунд, пак, во моментов е петта на табелата со 19 бодови.

Лајпциг со 4:2 победи на гости кај Херта во интересен меч во кој повеќето погодоци беа постигнати во судиското продолжение. Домашните поведоа во 32 минута преку Максимилијан Мителштад, само шест минути подоцна од пенал израмни Тимо Вернер, а резултатски пресврт направи Марсел Саблицер во првата минута од судиското продолжение. Лајпциг ја осигура победата во 86 минута со погодокот на Кевин Кампл и вториот погодок на Вернер во првата минута од судиското продолжение на мечот, а по шеесетина секунди за домашните погоди Давие Селке. Херта моментално 12-та со 11 бодови.

Со шест голови но без победник заврши и дуелот меѓу Шалке и Фортуна (3:3). Домашните го добија минимално првото полувреме со голот на Данмие Калигиури во 33 минута. Израмни Роувен Хенингс во 62 минута од пенал, но Шалке по пет минути повторно го презема водството преку Озан Мухамед Кабак. Во 74 минута Хенингс повторно израмни, а Суат Сердар повторни по само пет минути носи трето водство за Шалке. Сепак, сјајната вечер Хенингс ја заврши со „хет-трик“ и трето израмнување во 85 минута.

Шалке собра досега 19 бодови и моментално е на шестото место, а Фортуна е 14-та со 11 бодови, само два над опасната зона.

Унион Берлин, по успехот во градското дерби со Херта минатиот викенд, ја постигна втората победа по ред, овојпат на гостувањето кај Мајнц со 3:2. Гостите од Берлин поведоа во 30 минута со автоголот на Даниел Бросински, а во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме преку Себастијан Андерсон го удвоија водството. Андерсон веќе во 51 минута зголеми на 3:0, а фудбалерите на Мајнц дури во финишот, во 81 минута преку Карим Оснисиво и во четвртата минута од судиското продолжение преку Бросински, успеаја да го ублажат поразот.

Мајнц остана на девет бодови и на 16-то место кое води во плеј-оф за опстаник, додека Унион Берлин побегна на 11-то место со 13 бодови.

Аугсбург успеа да со голот на Филип Макс на гости да го победи фенерџијата Падеборн, и сега со 10 бодови да излезе место над опасната зона, на 15-та позиција. Падеборн е убедливо последен со само едена победа и едно реми, односно четири бодови.

Во петокот Хофенхајм со 2:1 беше подобра на гостувањето кај Келн.

Во недела на распоред се дуелите Борусија Менхенгладбах – Вердер, Волфсбург – Баер Леверкузен и Фрајбург – Ајнтрехт.