Баерн ја обезбеди десеттата титула со ред, пресврт и одмазда на Унион Берлин кај РБ Лајпциг

По десетти пат со ред а вкупно по 32-ри пат во историјаата, фудбалерите на минхенски Баерн ја освоија титулата првак на Германија, а тоа го направија на најдобриот начин победувајќи го најголемиот конкурент Борусија Дортмунд на својата „Алијанц Арена“ со 3:1.

Така, на три кола пред крајот на првенството Баерн направија 12 бодови предност пред Борусија.

Серж Гнабрј во 15 минута го доведе Баерн во водство, а во 34 минута предноста на домашните ја удвои Роберт Левандовски. Емре Чан во 52 минута од пенал го намали заостанувањето на гоститени, но во 83 минута конечните 3:1 ги постави Џамал Мусиала.

По 31 одиграно коло Баерн има 75 бодови, а Борусија Дортмунд остана на 63 бодови.

Фудбалерите на берлински Унион му се одмаздија на РБ Лајпциг за неодамнешното елиминирање во полуфиналето на германскиот куп и како гости со пресврт дојдоа до победа од 2:1 во дуелот од 31-то коло на Бундеслигата со што се вклучија во борбата за пласман во Лигата на шампионите,

Сѐ до 86 минута РБ Лајпциг имаше водство од 1:0 со голот на норвешкиот интернационалец Јусуф Поулсен од 46 минута. Но тогаш гостинскиот тренер Урс Фишер во игра го стави Свен Микаел кој се покажа како клучен момент во пресвртот на госите од Берлин. Во првиот контакт со топката Микаел го постигна израмнувачкиот погодок, а три минути подоцна му асистираше на Кевин Бехренс кој ги постигна голот за победата од 2:1. И Бехренс влезе како замена, во истата минута како и Микаел.

Унион Берлин со победата дојде на 50 бодови и до шестотп место и заостанува четири бодови за засега четвртопласираниот РБ Лајпциг. Меѓу нив е Фрајбург со 52 бодови кој одигра 3:3 на свој терен со Борусија Менхенгладбах, а прими погодок во тратата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Борусија М на полувремето имаше предност од 2:0 со головите на Рами Бенсебаини во 3 и Брел Емболо во 13 минута. Потоа следеше големиот пресврт на Фрајбург со три последователни погодоци кои беа дело на Винченцо Грифо од пенал во 49, Кристијан Гинтер во 61 и Филип Лејнхарт во 80 минута, но два важни бода за домашните откина Ларс Стиндл во 93 минута.

Фрајбург моментално е на петтата позиција која води во Лига Европа но во преостанатите три кола би можел да се избори и за пласман во Лигата на шампионите за што во моментов му недосасуваат два бода. Борусија Менхегналдбах, пак, е 11-та со 38 бодови.

Киксот на РБ Лајпциг го искористи Баер Леверкузен кој кај одамана отпишаниот Гројтер Фирт, со само 17 бодови, славеше со 4:1 и сега дојде до 55 место.

Гројтер дојде во водство во 5 минута преку Џетро Вилијамс, но по само три минути израмни Патрик Шик, а резултатскиот пресврт во 18 минута го донесе Сардар Азмун. Во вториот дел за гостите прецизни беа и Паулињо во 58 и Езекиел Пазалисиос во 84 минута.

Ниту Келн уште не се откажува од амбициите за настап во европските купови следната сезона, а благодарејќи на победата од 3:1 на Арминија дојде до 49 бодови и седмото место, бод помалку од Унион Берлин. Арминија е претпоследна 17-та со 26 бодови, три помалку од првото место коешто гарантира опстанок во Бундеслигата.

Сите четири погодоци на саботниот дуел ги постигнаа играчите на Келн, и тоа Марк Ут во 3 минута а за гостите со автогол во 33 минута израмни Тимо Хуберс, а потоа погодија Антони Модесте во 43 и Јан Тиелман во 86 минута.

Во Франфурт со 2:2 ремизираа Ајнтрахт и Хофенхајм. Госите поведоа во 12 минута со автоголот на Еван Ндика, а потоа домашните направија пресврт во 32 минута кога Ндика ја затресе и гостинската мережа а Диачи Камада погоди за водство во 66 минута. Но гостите успеаја да освојат бод благодарејќи на погодокот на Жеоргињо Рутер до 78 минута.

Ајнтрахт е сега деветти со 40 бодови, шест бодови помалку од Хофенхајм кој остана на осмото место.