Баерн ја обезбеди осмата последователна титула

Минхенски Баерн со победата од 1:0 во вторникот вечерта на гости кај претпоследниот Вердер во рамките на 32-то коло од Бундеслигата ја осигури осмата последователна титула на две кола пред крајот на првенството.

Победничкиот погодок за вкупно 30-та титула во Бундеслигата го постигна Роберт Левандовски во 43 минута. За Полјакот ова е 31-ви погодок во Биндеслигата оваа сезона, а 46-ти во сите натпреварувања. Левандовски третпат во кариерата постигнува повеќе од 30 погодоци во Бундеслигата и е водечки во трката за Златната копачка, како најдобар стрелец во сите европски првенства, особено што има голем коефициент кој доаѓа од квалитетот на Бундеслигата.

Баерн сега има 76 бодови, кои се недостижни за второпласираната Борусија Дортмунд со 66 бодови и меч помалки. Баварците ја продолжија серијата од 18 натпревари без пораз, во кои остварија 17 победи и едно реми, а последниот пораз го забележаа на 7-ми декември минатата година со 1:2 од Борусуја Менхенгалдбах. Победничката серија на баварците трае на 14 мечеви во сите натпреварувања. Во седумте кола од породлжението на Бундеслигата, Баерн ги доби сите седум натпревари, вклучително и дербито со најголемиот ривал дортмундска Борусија победувајќи ја на нејзин терен со 1:0.

Борусија Менхенгладбах, пак, дома го победи Волфсбург со 3:0, изборувајќи важна победа за пласман во Лигата на шампионите. Домапните по првото полувреме водеа со 2:0, со головите во 10 минута од контранапад на Јонас Хофман и во 30 минута. Во 65 минута погрешното додавање на одбранбените играчи на гостите на нивната половина, овозможи уште еден противнапад кој го реализираше Ларс Стиндл.

Борусија Менхенгадбах сега е на четвртото место, последното кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите, со 59 бодови, три помалку од третиот РБ Лајпциг, а два повече од петтиот Баер Леверкузен а двата тима имаат по меч помалку. Волсфбург остана на шестото место со 46 бодови.

Фрајбург со 2:1 во ова коло ја совлада Херта, а Унион Берлин со 1:0 беше подобар од последниот Падеборн.

Фрајбург е седми со 45 бодови, Херта е 11-та со 38 бодови, Унион Берлин е место подолу со ист број бодови, а Падеборн е одамна отпишан и има само 20 бодови.