Баерн дава 200 милиони евра за трансфери, Кутињо е едвај трета цел Минхен

97

Германскиот хегемон Баерн Минхен ќе има 200 милиони евра за трансфери, тврди „Билд“.

Износот изгледа голем, но ќе стигне за купување на само две големи sвезди – во најдобар случај.

Баварците имаат опција да го купат офанзивниот играч од средниот ред Филипе Кутињо од Барселона за 120 милиони евра, но тоа ќе зависи од тоа што се случува на пазарот со Лерој Сане и Каи Хаверц.

Двајцата германски репрезентативци се главен приоритет на Баерн и додека за Сане се смета дека е сигурно ново засилување, ситуацијата на Хаверц е помалку сигурна.

Самиот Кутињо се чувствува добро во Минхен и нема намера да се врати во Барселона, каде не успеа да го достигне својот потенцијал и во пролетта дојде во конфронтација со навивачите кои сè уште не успеаја да го прифатат.

Кутињо сака да остане во Баерн, но во Германија не може да го достигне нивото што го покажа во дресот на Ливерпул. Затоа тој во моментов е едвај трета опција на газдите на најуспешниот германски клуб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.