Баерн до 20-та титула во националниот Куп

, July 4, 2020. (AP Photo/Michael Sohn)

Фудбалерите на минхенски Баерн по 20-ти пат во клупската историја го освоија Германскиот куп, откако во саботата во финалниот дуел во Берлин го совладаа Баер од Леверкузен со 4:2.

Баварците кон новиот јубилеен 50-ти трофеј, покрај 20-те купови имаат и 30 титули во првенството, ги поведе Давид Алаба со одлично изведен слободен удар од 18 метри во 16 минута, а на 2:0 зголеми Серж Гнабри во 24 минута по проигрувањето со Џошуа Кимих, кој ја освои топката на противничката половина и потоа во фор го проигра Гнабри по десната страна кој во трк го погоди спротивниот гол на Храдецки.

На 3:0 зголеми Роберт Левандовски во 59 минута со својот 50-ти гол во сезоната, но со голема помош на голманот на Баер. Полјакот прифати долг дегажман на својот голман Ноер и упати остар удар од 25 метри кој Градецки не успеа да го скроти. Голманот на „Фармацевтите“ ја одби топките со дланките, но таа од земјата се одби меѓу неговите нозе во мрежата. Левандовски погоди и во 89 минута кога од пет метри реализираше одлично проигрување на Перишиќ.

За Баер стрелци беа Свен Бендер кој во 63 минута со удар со глава од петерецот го совлада Ноер, по корнерот изведе од Демирбеј, и Каи Хаверц кој во петтата минута од судиското продолжение реализираше најстрога казна по играњето со рака на Давиес.

За Баерн Минхен ова е втора „двојна круна“ по ред, а петта во последните осум сезони. Покрај 20-те победи во финалето на Купот, Берн има само четири порази во финалдните дуели, додека Баер и по четвртото финале остана само на една титула освоена во 1993 година.