Баерн дома спаси бод, РБ Лајпциг со убедлива победа над Шалке на второто место

Фудбалерите на РБ Лајпциг во вторникот вечерта по убедливата победа од 6:1 на гостувањето кај Шалке 04 во првиот натпревар од 17-то коло на германскиот шампионат привремено дојдоа на второто место во Бундеслигата.

Дуелот беше решен уште во првите 45 минути, кога РБ Лајпцег имаше предност од 4:0 за РБ Лајпциг со двата гола на Андреа Силва, во 7 и 44, и по еден на Хенрикс во 15 и и Вернер во втората минута од судиското продолжение.

Во продолжение Козуки во 56 минута намали на 1:4, но на крајот Олмо во 83 и Поулсен во 89 минута погодија за конечните 6:1.

Второпласираниот РБ Лајпциг сега има 32 бода, два повеќе од третиот Ајнтрахт, четвртиот Унион и петтиот Фрајбург, кои средбите ќе ги одиграат во 17-то коло во среда. Шалке е последен со само 9 бода, пет помалку од претпоследната Херта.

Бранителот на титулата и моментално водечки на табелата, минхенски Баерн се спаси од домашен пораз од Келн со голот на Џошуа Кимих во 90 минута за конечните 1:1, откако гостите поведоа во 4 минута преку преки Елиес Шкири.

Баерн остана на првото место сега со 36 бодови, четири повеќе од РБ Лајпциг, а шест пред Ајнтрахт Франкфурт и Унион Берлин кои имаат меч помалку, а Келн моментално е десетти со 21 бод.

Хрватскиот репрезентативен напаѓач Андреј Камариќ ги постигна двата погодока, во 11 и во четвртата минута од судиското продолжени на натпреварот спасувајќи бод за домашниот Хофенхајм во дуелот Штутгарт. Гостите израмнија во петтата минута од судиското продолжение на првиот дел преку Серу Гвираси, а резултатски пресврт направија во 77 минута со голот на Ватару Ендо. Но веќе следната минута гостите останаа со играч помалку, по исклучувањето на Науриу Ахмада, што им овозможи на домашните на крајот да спасат бод.

Двата тима останаа на истите позиции на табелата, Хофенхајм е 13-ти со 19 бодови, а Штутгарт е место подолу со три бода помалку.

Волфсбург со 5:0 ја декласираше во Берлин домашната Херта. Гостите поведоа уште во 4 минута преку Матијас Швајнберг, во 31 минута пенал реализираше Максимилијан Арнолд, а три минути подоцна прецизен беше Јонас Винд. Конечниот резултат беше постигнат во последната четвртина од дуелот, преку Ридле Баку во 72 и Омар Мармуш во 86 минута.

Волфсбург моментално со 29 бодови е на шестото место, а Херта остана претпоследна 17-та со 14 бодови, во моментов два помалку од позициите за опстанок во Бундеслигата.

Колото продолжува во среда со дуелите: Мајнц – Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен – Бохум, Фрајбург – Ајнтрахт Франкфурт, Аугсбург – Борусија Менхенгладбах и Вердер – Унион Берлин.