Баерн еден месец без Левандовски

Германскиот фудбалски великан минхенски Баерн следните триесетина дена ќе биде лишен од настапите на својот најдобар играл, полскиот напаѓач Робер Левандовски.

Левандовски во вторникот во Лондон го повреди коленото во мечот во кој Баварците со 3:0 го поразија Челзи во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.

„По враќањето од Лондон, главниот лекар на Баерн, др Ханс-Вилхелм Милер-Вохлфарт изврши преглед и Левандовски ќе биде надвор од терените околу четири седмици. По десет дена имобилизација, ќе започне со терапиите“, соопштија од клубот од Минхен.

 

Според тоа, Левандовски ќе го пропушти реваншот од осминафиналето во најелитното континентално натпреварување, четвртфиналниот дуел од германскиот куп против Шалке, и најмалку три првенствени натпревари.

Полскиот напаѓач во моментов е водечки стрелец во Лигата на шампионите со 11 голови, како и во германското првенство со 25 погодоци, додека во германскиот куп впиша уштер три гола.

Баерн е во водство во Бундеслигата со 49 бодови, еден повеќе од РБ Лајпциг, додека третата Борусија Дортмунд има 45 бодови.