Баерн го демолираше Шалке на почетокот од сезоната

Минхенски Баерн повеќе од убедливo тргна во одбрана на титулата, и во петокот вечерта во првото коло од германското фудбалско првенство со 8:0 го прегази Шалке 04, и ја оствари 22-та последователна победа во сите натпреварувања.

Баерн поведе уште во четвртата минута од дуелот, а стрелец беше Серж Гнабри кој противничката мрежа ја затресе уште двапати, во 47 и во 59 минута. Леон Горецка беше стрелец за 2:0 во 19 минута, а на 3:0 зголеми Роберт Левандовски во 31 минута од пенал. Томас Милер во 70 и Лерој Сане во 71 минута веќе го претворија поразот на Шалке во катастрофа, а конечниот резулат го постави Џамал Мусиала во 82 минута.

Левандовски со овој погодок се најде на второто место според бројот на постигнати голови во германските превенства за Баерн. Полјакот сега има 163 погодоци, и го престигна Карл-Хајнц Румениге, а недостижен на првото место е легендарниот Герд Милер со 365 погодоци.

Покрај тоа, Левандовски ги постигнал погодок на сите десет меча против Шалке во германското првенство, и стана првиот играч кој постигнал гол во мрежата на тим од Биндеслигата во десет последователни натпревари.

Милер го постигна својот 200-ти погодок за Баерн во сите натпреварувања, а Мусаила стана најмладиот играч на Баерни кој бил стрелец на гол во првенствен натпревар, на возраст од 17 години и 205 дена.

Баерн минатата сезона го освои првенството, го освои и националниот Куп и победи во Лигата на шампионите, додека Шалке лани беше 12-то пласиран.

Во сабота играат Ајнтрахт Франкфурт – Арминија Билефилд, Унион Берлин – Аугсбург, Келн – Хофенхајм, Вердер Бремен – Херта БСЦ, Штутгарт – Фрајбург и Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах.

Во недела играат РБ Лајпциг – Мајнц 05 и Волфсбург – Баер Леверкузен.