Баерн го доведе Куаси од ПСЖ

48

Германскиот фубдалски првак минхенски Баерн објави во средата дека од францускиот шампион Пари Сен Жермен го довел 18-годишниот бек Тангуи Кауси, со кого потпишал четиригодишен договор.

Младиот француски репрезентативец Куаси оваа сезона дебитираше за првата екипа на ПСЖ за кој оствари шест првенствени настапи настапи на кои постигна два погодока, односно вкупно за париските „Светци“ одига 13 меча на кои постигна три гола.

„Негова најдобра поизиција е онаа на среден одбранбен, но може да игра на неколку места во одбраната. Сигурни сме дека ќе има голема кариера во Минхен и дека ќе ја засили нашата екипа“, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Минхенскиот клуб објави дека со 18-годишникот потпишал договор со важност до 30-ти јуни 2024 година. Куаси во Баерн доаѓа како слободен агент, бидејќи неговиот договор со ПСЖ истече на крајот од јуни и не беше продолжен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.