Баерн и Челзи се последните четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Бранителот на тутулата минхенски Баерн и Челзи се последните четврфиналисти од годешното издание на елиминациската фаза од фудбалската Лига на шампионите, откако Баварците во средата во реванш дуелот на својата „Алијанц Арена“ со 2:1 го совладаа Лацио, а Челзи на својот „Стенфорд Бриџ“ во Лондон со 2:0 го победија мадридски Атлетико.

Победата за Челзи и пласманот во десеттото четврфинале во Лигата на шампионите во историјата, а првото од 2014 година, го донесоа Хаким Зиеш со погодокот на во 34 минута по асистенција на Тимо Вернер, и Емерсон кој погоди со четвртата минута од судиското продолжение на мечот, само што влезе во игра.

Атлетико од 82 минута играше со играч помалку, бидејќи беше исклучен Стефан Савиќ поради удар со лакт во градите на Рудигер.

Така Челзи славеше со вкупни 3:0, а Тимо Вернер по вечерашниот дуел впиша вкупно 10 голови и 7 асистенции во сите натпреварувања оваа сезона, со што е водечки во лондоснкиот тим.

Баерн по убедливата победа од 4:1 на римски „Олимпико“, комплетниот триумф против Лацио го потврди и со победата од 2:1 на минхенска „Алијанц Арена“. Роберт Левандовски го постигна првиот погодок за Баварците во 33 минута од пенал, а на 2:0 во 73 минута зголеми Ерик Шупо-Мотинг, додека стрелец за Лацио беше Марко Пароло во 82 минута.

Со вечерашниот погодок Левандовски оваа сезона во сите натпреварувања веќе има постигнато 39 голови на 35 натпревари.

Челзи и Барн ривалите во четвртфиналето ќе ги дознаа на жрепката која во петок на 19-ти март ќе се одржи во француски Лион.