Баерн и Волфсбург го започнуваат “Бундес циркусот”

Со вечерашниот дуел помеѓу Баерн Минхен и Волфсбург, започнува новата сезона во германската Бундеслига.

Тимот кој минатата сезона на импресивен начин ја освои титулата во Германија, со дури 19 бода повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд, вечерва со победа против секогаш незгодниот тим на Волфсбург ќе се обиде да ја започне новата Бундес сезона.

Иако на хартија се убедливи фаворити, сепак Баварците ќе имаат големи проблеми на на овој натпревар, со оглед на тоа дека недостасува речиси половина прв тим. Жером Боатенг е казнет, а поради повреда надвор од натпреварувачкиот процес се Швајнштајгер, Мартинез, Алкантара, Рафиња, како и првата ѕвезда на тимот, Франк Рибери. Робен се опорави од повредата, но поради недоволно тренинзи во своите нозе, ќе паузира на воведниот меч од Бундес лигата.

Останатите натпревари се играат во стандардните термини во сабота и недела, а се среќаваат:

сабота
Ајнтрахт-Фрајбург
Хановер-Шалке
Херта-Вердер
Хофенхајм-Аугзбург
Келн-Хамбург
Борусија(Д)-Баер (Л)

недела
Падерборн-Мајнц
Борусија(М)-Штутгарт