Баерн ја потврди титулата во Бундеслигата

Германскиот фудбалски гигант минхенски Баерн ја потврди новата титула откако во последното коло сезонава со 5:1 го потопи од Ајнтрахт од Франкфурт и ја заврши сезоната со два бода повеќе од второпласираната Борусија од Дортмунд.

Ова за Баерн е втората титула годинава, откако го освои националниот Суперкуп на почетокот од сезонава со победата од 5:0 токму против Ајнтрахт, а веќе на 25-ти мај го очекува и финалето во германскиот Куп против РБ Лајпциг.

Во пресрет на последното коло Баерн имаше два бода повеќе од Борусла Дортмунд и му требаше само бод од дуелот со Ајнтрахт за седмата последователна титула. Борусија, пак, во последното коло гостуваше кај истоимениот клуб од Менхенгладбах и ѝ беше неопходна само победа и пораз на Баерн.

Баварците одлично го отворија мечот и по четири минути поведе со голот на Кинглски Коман. Во следните минути Баерн пропушти неколку одлични шанси и можеше дуелот да го реши уште во првиот дел, но Кевин Трап одлично бранеше запирајќи ги ударите на Роберт Левендовски, Томас Милер и Серхио Габри. Лошата реализација на домашните Ајнтрахт ја казни во 50 минута кога Себастиен Хаклер израмни по нафрлување од корнар. Но радоста на гостите траеше само черити минути кога Давид Алаба му ја врати предноста на Баерн, откако Милер шутираше, Трап повторно одбрани но Алаба ја прифати присебно одбиената топка. Во 58 минута Ренато Санчез со третиот погодок ги приближи домашните до победата.

Сите дилеми ги разреши Франк Рибери во 73 минута, со што поранешниот француски репрезентативец на најубав можен начин се прости од Баерн во чиј дрес настапуваше последните 12 сезони во кои впиша 424 настапи и постигна 124 голови. До крајот на мечот меѓу стрелците за запиша уште една клупска легенда, Холанѓанецот Арјен Робен, кој и како Рибери го напушта клубот на крајот од сезоната. За Робен ова беше 308-от настап за Баерн и 114-от погодок.

Борусија Дортмунд славеше со 2:0 со головите на Жадон Санчо во 45 и Марко Ројс во 54 минута.

Баерн слабо влезе во сезоната и по 15 кола имаше дури 9 бодови заостанување зад Боруисија и се чинеше дека нема да може да ја надомести разликата во обидот да ја одбрани титулата. На половина од сезоната Борусија имаше 6 бодови повеќе, а по 20 кола 7 бодови плус. Но само по четири кола Баерн ја анулираше разликата и двете екипи по 24 кола имаа по 54 бодови. Борусија влезе во голема криза и од 20-то до 24-то коло оствари само една победа со две реми и пораз, додека Баерн нанижа четири победи. Во клучниот дуел на сезоната Баерн со 5:0 ја декласираше Борусија и го направи главниот чекор кон рекордната 29-та титула германски првак.

Во борбата за Лигата на шампионите, Баерн Леверкуаен на гостувањето ја победи Херта со 5:1 прескокнувајќи ја на табелата Борусија Менхенгладбах. Стрелци за „Аптекарите“ беа Хаверц во 28, Аларио во 39, 73 и 88 минута и Бранд во 53 минута, а голот за домашните го постигна Лазаро во 35 минута.

Хофенхајм бркаше победа на гостувањето кај Кајнц во настојувањата да се пласира во европските купови следната сезона, но на крајот беше поразен со 2:4, иако во 35 минута водеше со 2:0. Но во 41 минута остана со играч помалку откако што беше исклучен Кристоф Баумгартнер, што го искористија домашните и во вториот дел направи пресврт со четири погодоци. Гостите поведоа во 13 минтуа преку Белфодил, а во 35 минута зголеми Андреј Крамариќ. Но следеше големиот пресврт, а стрелци за Мајнц беа Бросински од пенал во 66, Боетиус во 83 и 90 и Матета во третата минута од судиското продолжување.

На крајот Баерн го освои првото место со 78 бодови, Борусија Дортмунд е втора со 76, РБ Лајпциг е трет со 66, а Баер Леверкузен е четврти со 58 бодови. Петтата Борусија Менхенгалдбах со 55 бодови ќе настапува следната сезона во Лига Европа, а во квалификациите за истото натпреварување ќе игра Волфсбург кој е шести со исто толку бодови, а во саботата дури со 8:1 го совлада 15-от Аугсбург.

Фортуна го победи петпоследниот Хановер со 2:1 и првенството го заврши на 10-то место. Фрајбург со 5:1 беше подобар од последниот Нирнберг, што му беше доволно за 13-то место. Штутгарт на гостувањето кај Шалке ремизираше без голови но и пред последното коло беше познато дека ќе игра во баражот за опстанок во Бундеслигата, а Шалке како 14-ти веќе имаше обезбедено опстанок.