Баерн (М) денеска ќе биде крунисан во старо-нов шампион на Германија

Фудбалските фанови кои најмногу ја следат германската Бундес лига, денеска ќе имаат шанса да уживаат во дерби натпреварот помеѓу директните ривали за втората позиција на табелата, Борусија Дортмунд и Шалке.

Домаќинот има само еден бод предност во споредба со најголемиот ривал, а предводникот на популарните “милионери”, Јирген Клоп, пред натпреварот изјави дека посакува реприза на првиот дуел помеѓу големите ривали, кој заврши со триумф на Борусија Д. од 3:1.

„Би немал ништо против ако и овој натпревар заврши како првиот во Гелзенкирхен. Има разлика во формата на Шалке во споредба со тој натпревар, но јас мислам само на мојот тим. Ако го наметнеме нашиот стил на игра и ако бидеме сконцентрирани како пред нашиот, така и пред противничкиот гол, тогаш бодовите ќе останат во Дортмунд”, изјави Клоп.

Доколку забележат триумф и на гостувањето во Берлин, фудбалерите на Баерн (М), многу порано од предвиденото и официјално ќе ја освојат новата, 24 шампионска титула во германската Бундес лига.

Се што треба да направат избраниците на Пеп Гвардиола е да забележат триумф во првенствената пресметка против екипата на Херта.

Денеска на програмата: Брауншвајг – Мајнц – Вердер – Волфсбург, Борусија Д. – Шалке, Херта – Баерн (М).