Баерн (М) ја сомеле и Херта и ја освои шампионската титула

Не само што ја запишаа и 19 победа по ред, со триумфот од 3:1 на гостувањето во Берлин, фудбалерите на Баерн (М) и офицјано ја освоија новата, 24 шампионска титула во германската Бундес лига. 

Популарната „салатара” е освена на еден импресивен начин, веќе во месец март и после одиграни само 26 натпревари во националниот шампионат.

Трофејниот шпански стручњак, Пеп Гвардиола сега може да се пофали и дека има освоено шампиоснка титула но не како тренер на каталонскиот гигант Барселона.

„Среќен сум поради историскиот успех. Уште една титула за овој многу голем клуб. Имаме фантастична сезона и треба да уживаме во овој успех, да уживаме во постигнатите резултати. На стартот од сезоната посакав да бидеме доволно добро, но искрено, не очекував да бидеме толку добри. На почетокот имавме големи проблеми со повредените фудбалери, не игравме на потребното ниво и победувавме благодарение на индивидуалните квалитети на одредени поединци. Потоа игравме се подобро и подобро. Сега заедно ќе јадеме и заедно ќе го прославиме овој голем успех. Ќе славиме два дена”, изјави Гвардиола.

Без погодоци заврши дерби пресметката помеѓу најголемите ривали во германската Бундес лига и директни ривали во борбата за втората позиција на табелата, Борусија од Дортмунд и Шалке.

Резултати: Брауншвајг – Мајнц 3:1, Вердер – Вволфсбург 1:2, Херта – Баерн М. 1:3, Борусија Д. – Шалке 0:0.

Денеска на програмата: Аугсбург – Леверкузен, Ајнтрахт – Борусија М., Хамбургер – Фрајбург, Хофенхајм – Хановер, Нирнберг – Штутгарт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.