Баерн (М) ќе стави крај на црната серија

Премиерниот натпревар од 31. коло во германската Бундес лига, дуелот во Франкфурт помеѓу екипите на Ајнтрахт и Хановер заврши со минимален триумф на гостинот од 3:2.

Фенерџијата на првенствената табела, тимот на Брауншвајг, не би требало да биде некој посериозен проблем за старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М) кој ќе се обиде да стави крај на серијата од три натпревари без победа во домашниот шампионат.
Репрезентативецот на Македонија и капитен на Мајнц, Николче Новески денеска ќе се обиде да излези како победник во сите дуели против напаѓачите на Борусија од Дортмунд кои имаат обврска да постигнат неколку погодоци и со најавениот триумф и официјално да си го осигураат местото кое води во групната фаза од Лигата на шампиони.

Денеска на програмата: Аугсбург – Херта, Борусија Д. – Мајнц, Брауншвајг – Баерн (М), Хамбургер – Волфсбург, Фрајбург – Борусија М., Вердер – Ххофенхајм.