Баерн (М) продолжи таму каде што застана

Премиерниот натпревар од првото пролетно коло во германската Бундес лига, дуелот помеѓу Борусија од Менхенгладбах и Баерн (М), сосема очекувано заврши со сигурен триумф на баварскиот гигант од 2:0.
Првиот погодок на натпреварот беше дело на крилниот напаѓач, Марио Геце, а на стартот од второто полувреме, Томас Милер успешно го изведе ударот од белата точка.

„Задоволен сум од играта на мојот тим. Мислам дека направивме голем чекор кон одбрана на шампионската титула. Одигравме одлично против фантастичниот противник. Не е лесно да се победи во Менхенгладбах, но ние имавме целосна контрола врз натпреварот. Во среда играме против Штутгарт и имаме шанса да ја зголемиме бодовната предност на табелата”, изјави предводникот на Баерн (М), Пеп Гаврдиола.

Фудбалерите на Борусија од Дортмунд денеска имаат обврска да слават во дуелот против гостинскиот тим на Аугсбург, а далеку потешка задача ќе има моментално второпласираниот тим на табелата, Баер од Леверкузен, кој ќе се обиде да оствари позитивен резултат на незгодното гостување во Фрајбург.
Денеска на програмата: Борусија Д. – Аугсбург, Фрајбург – Леверкузен, Нирнберг – Хофенхајм, Штутгарт – Мајнц, Волфсбург – Хановер, Ајнтрахт – Херта.