Баерн (М) се закити и со светската круна

Освен со европската, фудбалерите на Баерн (М) од сега ќе можат да се фалат и со светската клупска круна, која е освоена со импресивен начин, со триумф од 2:0 во финалниот натпревар каде за противник го имаа актуелниот шампион на Мароко, тимот на Раја Казабланка.

Баварскиот гигант веќе во 7 минута го отвори резултатот, со погодокот на централниот дефанзивец Данте, а конечните 2:0 во 22 минута ги постави шпанскиот интернационале, Тиаго Алкантара.

За најдобар фудбалер на турнирот е прогласен, репрезентативецот на Франција, Франк Рибери, кој освен со “златната топка на адидас” дома си заминува со најновиот модел на “Тојота”.

Мечот за третото место помеѓу шампионот на Азија, Гвангжу и најдоброто од Јужна Америка, Атлетико Минеиро заврши со триумф на бразилскиот прволигаш од 3:2.

Поради груб старт, директен црвен картон во финишот од натпреварот доби легендарниот репрезентативец на Бразил, Роналдињо.