Баерн (М) сигурно ќе нема милост за Ајнтрахт Франкфурт

Најинтересниот саботен натпревар од 19. коло во германската Бундес лига, дуелот помеѓу директните ривали за четвратат позиција на табелата, Шалке и Волфсбург, заврши со минимален триумф на домашинот од 2:1.
Идентична триумф но против гостинскиот тим на Штутгарт, забележа моментално второпласираниот тим на табелата, Баер од Леверкузен.
Актуелниот шампион и лидер на табелата, тимот на Баерн (М) денеска ќе се обиде да забележи сигурна победа во првнствената пресметка против екипата на Ајнтрахт од Франкфурт, а далеку поголема неизвесност се очекува во Берлин, каде домашниот тим на Херта ќе се обиде да забележи триумф во дуелот против екипата на Нирнберг.
Резултати: Хофенхајм – Хамбургер 3:0, Аугсбург – Вердер 3:1, Мајнц – Фрајбург 2:0, Леверкузен – Штутгарт 2:1, Хановер – Борусија М. 3:1, Шалке – Волфсбург 2:1.