Баерн Минхен повторно шампион на Германија, деветта титула во низа

Баерн Минхен стана ново-стар првак на Германија. „Баварците“ ја одбранија титулата уште пред стартот на денешниот меч со Борусија Менхенгладбах, откако Лајпциг загуби од Борусија Дортмунд со 3:2, но потоа новиот шампион ја потврди доминацијата со победата од 6:0 над својот противник.

За Баерн ова беше деветти трофеј по ред во Бундеслигата, вкупно 31 во својата колекција.

Денеска и Англија можеше да добие нов шампион во името на Манчестер Сити, но тимот на Сити беше поразен од Челзи, и така шампионската промоција се одложи.

Во другите „елитни“ првенства, Интер стана првак на Италија, и ја прекина доминацијата на Јувентус, додека најинтересно ќе биде во Шпанија каде што три тима водат битка за титулата: Атлетико, Реал и Барселона. Денеска се одигра дербито меѓу Барселона и Атлетико, кое заврши без голови.

Во Франција исто така за пехарот ќе се борат Лил и ПСЖ.