Баерн Минхен со убедлива победа против Херта Берлин

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен се врати на шест поени пред Борусија Дортмунд на врвот на Бундеслигата, откако стигнаа до убедлива победа од 4-1 на гости кај Херта Берлин.

Корентин Толисо ги донесе гостите во водство во 25. минута, откако на стартот на мечот му беше поништен гол поради офсајд, пред Томас Милер во 45. минута да зголеми на 0:2.

Лирој Сане во 75. минута зголеми на 0:3, за само четири минути подоцна, Серж Гнабри да ја потврди убедливата победа на Баварците.

Замената Јирген Екеленкамп во 81. минута го постигна единствениот гол за Херта.

Баерн има 49 поени на врвот во германската Бундеслигата, шест пред Борусија Дортмунд и дури 14 пред третопласираниот Баер Леверкузен, додека Херта се 13. со 22 поени, само два поени над зоната за испаѓање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.