Баерн може да го назначи Алонсо за главен тренер доколку не се договори со Тен Хаг

43

Раководството на Баерн Минхен го вклучи поранешниот играч од средниот ред на тимот Чаби Алонсо меѓу кандидатите за функцијата нов главен тренер, пренесува „Франс фудбал“.

Сегашниот вршител на должноста тренер на баварскиот клуб Ханс-Дитер Флик може да продолжи да работи со тимот до Божик. На зима, Баерн сака да се обиде да го убеди предводникот на Ајакс, Ерик Тен Хаг да ја напушти Холандија и да го предводи клубот од Минхен.

Ако тоа не успее, тогаш Баерн може да го назначи за тренер Чаби Алонсо, кој сега работи со Б-тимот на Реал Сосиедад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.