Баерн одигра само нерешено во Берлин, Бундеслигата има неочекуван лидер!

Баерн Минхен одигра само 1-1 на гостувањето кај Унион Берлин, и му го отвори патот на Фрајбург со победа над Баер во Леверкузен, да го преземе водството на табелата во Бундеслигата.

Унион Берлин и Баварците се непоразени сезонава, па затоа и откако си дадоа по еден гол во првите 15 минути, малку и тактизираа.

Фрајбург губеше со 0-1 по првото полувреме, а на крај славеше со 3-2 против Фармацевтите, и благодарение на нешто подобрата гол-разлика од Борусија Дортмунд, го презеде првото место после пет кола, со бод плус поред Баерн и Унион Берлин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.