Баерн по дербито во Дортмунд се одлепи на „плус седум“

Актуелниот германски фудбалски првак минхенски Баерн направи голем исчекор кон освојувањето на новата јубилејна 30-та титула а осма последователна, откако минимално со 1:0 го совлада во вторникот најголемиот конкурент Борусија Дортмунд, во премиерниот дуел од 28-то коло на Бунделскигата.

Трите бода, кои можеби ќе го решат првенството, на Баерн му ги донесе Џошуа Кимих со одличен лоб удар од 20-ина метри, со кој го префрли домашниот голман Роман Буерки. Домашниот чувар на мрежата ја имаше „на рака“ топката, но не успеа да ја префрли преку гредата.

Големото дерби, вообичаено за продолжувањето на првенството по епидемијата, се одигра пред празни трибини. Но домаќините се погрижија за добара атмосфера на стадионо, бидејќи во текот на целиот меч од разгласот емитуваа снимки од навивањето на своиоте навивачи.

Водечкиот Баерн на шест кола пред крајот има 64 бодови, седум повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.

Баер Леверкузан доживеа непријатен висок домашен пораз од 1:4 во дуелот со Волфсбург, и не успеа да направи исчекор во трката за пласман во Лигата на шампионите. „Аптекарите“ беа разбиени со четирите погодоци на гостите, кои ги постигнаа Марин Понгачариќ во 43 и 75 минита, Максмилилајан Арнолд во 64 и Ренато Штефен во 67 минута, и дури во 85 минита преку Јулиан Бауимгарингер успеаја да го ублажат поразот.

Директниот конкурент за четвртата позиција на табелата, Борусија од Менхенгладбах одигра без голови на гостувањето кај слабиот Вердер.

Борусија Менхенгалдбах со 53 бода сега дојде на четвртото место, а Баер Леверкузен остана со исто толку бодови но полоша гол-разлика на петтото место. Волфсбург, пак, е шести со 42 бодови, далеку зад водечката петорка, но и на солидна дистанца од клубовите кои го следат. Вердер останува претпоследен 17-ти со 22 бода, пет бодови помалку од позицијата којашто гарантирна опстанок.

Франкфурстки Ајнтрахт успеа да остане непоразен на домашен терен и покрај тоа што гостинскиот Фрајбург имаше предност од два гола. Гостите поведоа преку Винченцо Грифо во 28 минута, а на одморот се отиде без предност, откако за домашните израмни во 35 минута Андре Силва. Следеа два брзи гола на Фрајбург во 67 и 69 минута кои ги постигнаа Нилс Петерсен и Лукас Холер. Домашните спасија бод со погодоците во 79 и 82 минута чии стрелци беа Даиши Камада и Тимоти Чендлер.

Ајнтрахт има 29 бодови и моментално е 14-ти, а Фрајбург го потврдува високиот пласман сезонава, 7-ми е со 38 бодови.

Првенството продолжува во среда со натпреварите РБ Лајпциг – Херта, Аугсбург – Падеборн, Унион Берлин- Мајнц, Хофенхајм – Келн, Фортуна Диселдорф – Шалке.