Баерн понудил 100 милиони евра за Жоао Феликс, но Атлетико Мадрид одбил

Баерн му понудил на Атлетико Мадрид 100 милиони евра за да го купи Жоао Феликс, тврди „Марка“, повикувајќи се на понудата на клубот од Минхен ова лето, откако го продаде Роберто Левандовски и го доведе Садио Мане.

Сепак, шпанскиот клуб одбил, а тренерот Диего Симеоне му дава мала минутажа на 22-годишниот Феликс во последните неколку натпревари.

Атлетико Мадрид во 2019 година го донесе Феликс од Бенфика за 127 милиони евра, што го направи и се уште е убедливо најскапиот трансфер во историјата на клубот. Но, Португалецот не ги оправда тие големи пари. На 125 натпревари постигна 25 голови и забележа 18 асистенции.