Баерн поразен во Франкфурт, Борусија го понижи Шалке во „Рурското дерби“

Ајнтрах стана третиот тим кој оваа сезона успеа да го победи европскиот и германскиот шампион минхенски Баерн во Бундеслигата откако во саботата со 2:1 славеа во Франкфурт во дуелот од 22-то коло.

Даили Камада во 12 минута го доведе Ајнтрахт во водство, а предноста на домашните ја удвои Амин Јунис во 31 минута со неодбранлив удар во горниот лев агол од голот на Мануел Ноер. Во 53 минута Лирој Сане ја измеша одбраната на Ајнтрахт и во петерецот го пронајде Роберт Левандовски кој лесно поентираше.

Баерн тргна во обидот да направи пресврт, но до крајот на натпреварот домашните успеаја да ја сочуваат својата мрежа и да додат до петтата последователна победа во Биндеслигата.

Баер сѐ уште е водечки на табелата со 49 бодови, а го следи РБ Лајпциг кој има 44 бодови со меч помалку, додека Ајнтрахт се оддржа на четвртата позиција сега со 42 бодови.

 

За второто големо изненадување во саботата се погрижи претпоследниот Мајнц кој славеше со 2:1 на гостувањето кај Борусија Менхенгалдбах.

Гостите поведоа во 10 минута со голот на Карим Онисиво, а Борусија изрмани преку Ларс Стиндл во 26 минута. Трите бодови важни за Мајнц во 86 минута ги донесе Кевин Штегер.

Борусија Менхегладбах е на осмото место со 33 бодови, а Мајнц сега има 17 бодови на 17-то место, но со бод помалку од 16-та Арминија и 15-та Херта кои се во безбедната зона но имаат и натпревар помалку.

 

Штутгарт го однесе сите три бода во Келн со погодокот Саша Калајџиќ во 49 минута. Штутгарт е на 10-то место со 29 бодови, а Келн е 14-ти со 21 бодови, четири повеќе од позицијата од која е игра плеј-оф за опстанок.

 

Гостинска со погодокот на Гриша Премет во 64 минута оствари и Унион Берлин кај Фрајбург. Унион Берлин со оваа победа е на 7-ти место со 33 бодови, прескокнувајќи го Фрајбург кој остнаа со 31 бод на 9-то место.

 

Во последниот саботен натпревар фудбалерите на дортмундска Борусија со убедливи 4:0 во традиционалното Рурско дерби на гостувањето кај Шалке во Гелзеркирхен. Домашните се држеа до 42 минута, кога Борусија поведе преку Џејдон Санчо, а во 45 минута со прекрасниот волеј на Ерлинг Халанд зголеми на 2:0. Марко Ројс и Рафаел Гвереро во 60 минута прецизно проиграа за 3:0. Конечниот резултат го постави со вториот денешен погодок Халанд во 79 минута, кој е 17-от негов гол во оваа сезона во Бундеслигата.

Борусија Дортмунд со 36 бодови остана на шестото место, а Шалке со само 9 бодови веќе е отпишан од Бундеслигата.

 

Во недела на програмата се дуелите Аугсбург – Баер Леверкизен, Херта – РБ Лајпциг и Хофенхајм – Вердер.