Баерн преку Хофенхајм во четврфиналето на купот

Фудбалерите на Баерн изборија четвртфиналето во германскиот национален куп, откако на својата „Алијанц Арена“ со 4:3 го совладаа Хофенјахм.

Гостите поведоа во 8 минута со автоголот на Џером Боатенг, но само четири минути подоцна и гостите ја погодија сопствената мрежа а стрелец беше Бенјамним Хубнер. Во 20 минута Баерн направи пресврт преку Томас Милер, за во 36 минута Роберт Левандовски да погоди за 3:1. Кога полскиот напаѓач го постигна својот втор гол на дуелот во 80 минута се чинеше дека победникот е решен, но гостите со головие на Мунас Динур во 82 и во втората минута од судиското продолжение успеаја да намалат на 3:4, но веќе немаше време за подвиг.

На минхенски Баерн во средата му се придружи и Баер Леверкузен кој со 2:1 го победи второлигашот Штитгарт. „Аптекарите“ во 71 минута поведоа со автоголот на голманот Фаниен Бредлов, огкако Крем Демирбеј изведе корнер, гостинскиот голман се обиде да боксува, но наместо во поле топката ја заби во сопствената мрежа. Домашните го удвоија водството во 81 минута преку Лукас Алари, а Сила Вамангитука пет минути пред крајот им врати малку надеж на гостите.

Меѓу осумте најдобри се пласираше и Унион Берлин кој на гостувањето го победи четвртолигашот Верл со голот на Роберт Андрих дури во 85 минута.