Баерн расположен дома, гостински победи на Борусија Д и Баер

49

Минхенски Баерн со 5:2 на својот терен го победи Ајнтрахт од Франкфурт во последниот саботен меч од 27-то коло на германското фудбалско првенство, додека вотрата Борусија Дортмунд славеше претходно кај Волфбург, а во борбата за титулата многу работи ќе бидат појасни веќе во вторник кога Борусија и Баерн ќе ги одмерат силите на „Вестфален“.

Баерн поведе со 2:0 по првите 45 минути со головите на Леон Горетцка во 17 и Томас Милер во 41 минута. Веќе во првата минута од второто полувреме Роберт Левандовски постигна погодок за 3:0, и се чинеше дека баварците имаат недостижна предност. Но гостите од Франкфурт нбарзо се вратија во мечот со два погодока за три минути, кои ги постигна Мартин Гинтерегер во 52 и 55 минута, и двата по изведени удари од аголот. Сепак, ни овој резултат не важеше долго, откако во 61 минута Алфонсо Давиес искористи голема грешка во одрбаната на гостите, во 74 минута Хинтерегер постигна уште еден погодок, но овојпат во сопствената мрежа.

Водечкиот на табелата Баерн сега има 61 бод, и ја одржа предноста од четири бодови пред Борусија Дормунд. Ајнтрахт моментално е 13-ти со 28 бодови, но со еден заостанат натпревар.

Борусија Дортмунд речиси рутински стаса до победата во Волсфбург, постигнувајќи по еден погодок во секое полувреме. Стрелци беа Рафаел Гвереиро во 32 и Ашраф Хакими во 78 минути. Кога во 82 минута Волфсбург остана со играч помалку по исклучувањето на Феликс Клаус, приказната на овој меч беше завршена.

За Борусија ова беше веќе деветтата победа во последните 10 меѓусебни средби, а за Волфсбург уште еден поразителен податок бидејќи не успеа да постигне погодок против Борусија по повеќе од 10 часа игра.

Борусија Дортмунд е втора на табелата со 57 бодови, додека Волфсбирг остна на шестото место со 39 бодови, далеку од можноста да се бори за пласман во европските купови.

Баер Леверкузарн освои важни бодови во борбата за пласман за Лигата на шампионите откако на гостувањето со 3:1 го победи директниот конкурент Борусија Менхенгладбах. Двоен стрелец за гостите беше Каи Хаверц во 7 и во 58 минута од пенал, откако во меѓувреме за домашните во 52 минута израмни Маркус Турам, а победникот го реши Свен Бендер во 81 минута.

Баер Леверкузен моментално е трет на табелата со 53 бода, еден повеќе од Борусија Менхенгладбах, и два повеќе од петтиот РБ Лајпвциг кој во недела ќе го игра својот дуел од ова коло.

Гостинска победа оствари и Вердер, поразувајќи го Фрајбург со 1:0. Решавачкиот погодок со кој гостите дојдоа до многу три важни бода во борбата за опстанок го постигна Леонардо Битенкурт во 19 минута. Гостите во 88 минута останаа без исклучениот Филип Бергфреде. Само минута подоцна домашните израмнија, но ВАР-от покажа дека стрелецот Нилс Петерсен бил во недозволена позиција, па погодокот беше поништен.

Вердер, кој има еден заостанат меч, сега има 21 бод и остана претпоследен но ја намали разликата со позициите кои гарантираат опстанок во лигата. Фрајбург во моментов е 7-ми со 37 бодови, колку што има и Шалке место подолу кој има и меч помалку.

Падеборн и Хофенхајм одиграа без победник, а најважното се случи во првите девет минути од мечот. Гостите поведоа во 4 минута преку Роберт Сков, а пет минути подоцна израмни Денис Србени.

Падерборн останува закован на последното 18-то место, сега со 18 бодови, а Хофенхајм дојде до 9-то место со 36 бодови.

Во петокот вечерта колото го отвори градското дерби меѓу Херта и Унион Берлин, во кој постариот бундеслигаш во подобара игра во вториот дел дојде до убедлива победа од 4:0. Херта е 10-та со 34 бодови, а Унион Берлин е 12-ти со 30 бодови.

Во недела програмата ја започнуваат Шалке и Агусбург во 13,30 часот, два часа подоцна ќе играат Мајн – РБ Лајпциг, а во 18 часот е закажан мечот Келн – Фортуна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.