Баерн се проби на втората позиција во Бундеслигата

44

Фудбалерите на минхенски Баерн остварија гостинска победа од 4:0 против Херта во неделата во рамките на 18-то коло од Бундеслигата со што успеа да се пробие на втората позиција на табелата.

Во последниот дуел од колото Баер Леверкузен со 4:1 забележа победа кај последниот Падеборн. Двоен стрелец за „Аптекарите“ беше Кевин Воланд во 11 и 14 минута, а по еднаш погодија и Јулијан Баумгартнер во 36 и Каи Хаварец во 75 минута, додека домашните се израдуваа на погодокот само во 51 минута кога стрелец беше Денис Србени.

Падеборн остануван закован на дното од табелата со само 12 бодови, а Баер Леверкузен се проби на шестата позиција која води во квалификациите за Лига Европа, и со два бода заостанување за петтиот Шалке и четвртата Борусија Дортмунд.

Претходно Баерн Минхен во второто полувреме ја демолираше домашна Херта, со головите на Томас Милер во 60, Роберт Левандовски во 73 минута од пенал, Тиаго Алкантара во 76 и Иван Перишиќ во 84 минута.

Херта остана на 14-то место со 19 бодови, два повеќе од зоната на испаѓање. Баерн, пак, сега со 36 бодови ја мина за бод третата Борусија Менхенгладбах, а засотанува четири бода зад водечкиот РБ Лајпциг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.