Баерн сигурен кај Хофенхајм

Во првиот натпревар од 18-то коло на германското фудбалско првенство, актуелниот шампион Баерн Минхен со 3:1 беше убедлив на гостувањето кај Хофенхајм.

Гостите од Минхен поведоа во првото полувреме со головите на Леон Горетцка, во 34 и во првата минута од судиското продолжение. Домаќинот ги врати надежите дека може да остане непоразен во 59 минута со погодокот на Нико Шулц, но Роберт Левандовски во 89 минута ги разреши сите дилеми околу победникот.

Моментално вторполасираниот Баерн го намали заостанувањето зад водечката Борусија од Дортмунд на три бода, сега има 39 а лидерот има 42 бода и натпревар помалку. Хофенхајм, пак, е седми со 25 бодови.

Во сабота играат Баер Леверкузен – Борусија Менхенгладбах, Штутгарт – Мајнц, Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург, Аугсбург – Фортуна, Хановер – Вердер и РБ Лајпциг – Борусија Дортмунд, додека во недела се сречаваат Нирнберг – Херта и Шалке – Волфсбург.