Баерн со победата во Менхегладбах се проби на третото место

Фудбалерите на Баер од Леверкузен се пробија во саботата на третото место во германското превенство откако во рамките на 19-то коло со 2:1 славеа во Менхегладбах над домашната Борусија.

Баер стаса до победата иако неговите играчи не реализираа два удари од белата точка, првиот го промаши Патриј Шик при резултат 0:0, а вториот Демирбеј во самиот финиш на мечот.

Две минути откако Шик во 49 минута не успеа да погоди од пенал, Роберт Андрих ги довед гостите во водство, а самиот Шик во 74 минута се извади за промашувањето удвојувајќи го водството. Нико Елведи во 81 минута ги разбуди надежите на домашните, а во 88 минута Демирбеј не успеа да погоди од пенал што сепак не им се одмазди на „аптекарите“.

Третопласираниот Баер Леверкузен сега има 32 бодови, еден повеќе од Хофенхајм и Унион Берлин, додека Борусија Менхенгалдбах е 12-та со 22 бода.

Претходно во Берлин, Унион го победи Хофенхајм со 2:1 и се израмни на табелата со денешниот ривал и двата тима имаат по 21 бод. Гостите поведоа во 16 минута со автоголот на Тимо Баумгартл, но веќе во 22 минута израмни Андреас Фоглзамер, а во вториот дел во 73 минута со многу среќа победата ја обезбеди Гриша Промел.

РБ Лајпциг оствари гостинска победа од 2:0 кај Штутгарт. Стрелци беа во 11 минута Андред Силва од пенал, и Кристофер Нкунку во 70 минута. Лајпциг сега е 7-ми со 28 бодови, два помалку од позициите кои водат во европските купови, а Штутгарт со 18 бодови е 15-ти, и веќе е во опасната зона на борба за одржување на прволигашкиот статус.

Мајнц со погодокот на Џеремаја Сент Џасте во 48 минута на својот стадион го победи Бохум. Мајнц со победата собра 27 бодови и дојде моментално на 9-то место, а Бохум остана на 23 бодови на 11-то место.

Волфсбург и Херта одиграа без голови, па ги задржаа 13-то односно 14-то место на табелата сега со 22 односно 21 бод.

Во првиот саботен натпревар водечкиот минхенски Баерн славеше со 4:0 на гости кај Келн. Трикратен стрелец за Баварците беше Роберт Левандовски во 9, 62 и 74 минута, а во 25 минута погоди Корентин Толисо.

Баерно со оваа победа дојде до 46 бодови, шест повеќе од Борусија Дортмунд која уште во петокот со 5:1 го совлада Фрајбург, додека Келн е осми со 28 бодови.

Во недела на респоред се дуелите Аугсбург – Ајнтрахт Франкфурт и Арминија – Гројтер Фирт.