Баерн со „шеска“ на врвот ја мина Борусија

бунФудбалерите на минхенски Баерн по 25-то коло од германското првенство и дури по половина година, повторно се водечката екипа во Бундеслигата, благодарејќи на домашната победат од 6:0 над Волсфбург.

Баварците го демолираа Волфсбург, откако гостинската мрежа ја начна Серж Габри во 34 минута, а потоа меѓу стрелците се впишаа Роберт Левандовски во 37 и 85, Хамес Родригез во 53, Томас Милер во 76 и Џошуа Кимих во 82 минута.

Борусија Дортмунд, пак, со многу тешкотии го совлада Штутгарт со 3:1, дури во судиското продолжение. „Милионерите“ поведоа од пенал во 62 минута преку Марко Ројс, но во 71 минута за гостите израмни Марк-Оливер Кемпф, а за досега водечката екипа потоа бодовите ги донесоа во 84 минута Пако Алкасер и Кристијан Пулисик во втората минута од судиското продолжение.

Баерн Минхен сега е прв благодарејќи на подобрата гол-разлика, и двата тима имаат по 57 бодови. Но Баерн има сооднос на погодоците 63:27 а Борусија Дортмунд 61:28.

Волфсбург, пак, остана на седмото место со 39 бодови, додека Штутгарт и натаму е на само три места од дното, на 16-то место со 19 бодови, пет повеќе од 17-от Хановер и шест од последниот Нирнберг.

Фудбалерите на Херта постигнаа два гола, но сепак загубија со 1:2 на гостувањето кај Фрајбург. Домашните поведоа во 17 минута преку Нилс Петерсен, а потао израмни во 76-та Ведад Ибишевиќ кој беше и трагичар на мечот, затоа што само четири минути подоцна ја погоди сопствената мрежа поставвуајќи го конечниот резултат.

Фрајбург со новите три има вкупно 30 бодови и е на 12-то место, а Херта со 35 бодови привремено е деветта.

РБ Лајпциг, кој се бори за место во самиот врв на табелата, киксираше пред своите гледачи со слабиот Аугсбург и одигра без голови. Лајпциг така има 46 бодови на третото место, девет помалку од водечкиот двоец, но сега само три повеќе од четвртата Борусија Менхенгладбах која подоцна во сабота му гостува на Мајнц. Аугсбург е 15-ти со 22 бодови, но сѐ уште без обезбеден опстанок во Будеслигата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.