Баерн стана и нов клупски светски првак, Реал и натаму рекордер

Фудбалерите на германскиот и европскиот првак, минхенски Баерн го освоија и трофеот од Светското клупско првенсто одржано во Катар, откако во четвртокот во финалниот дуел со 1:0 го победија мескикански Тигрес, како првак на Средна и Северна Америка.

Баерн во полуфиналето го победе египетски Ал Ахли со 2:0, додека Тигрес на патот до финалето мораше да игра два натпревара, во четвртиналето го победи корејски Улсан Хундаи со 2:1, а во полуфиналето бразилски Палмеирас со 1:0.

Решавачкиот погодок го постигна Бенжамин Павар во 59 минута. Европскиот првак беше изразит фаворите против мексиканскиот тим, но Баварците потешко од очекуваното стасаа до победата.

Првото големо возбудува на мечот беше во 18 минута кога Кимих постигна погодок со шут од повеќе од 20 метри. Но по прегледувањето на ВАР-от беше утврдено дека Роберт Левандовски, кој се наоѓал во офсајд позиција, му попрачувал на противничкиот голман. ВАР-от решаваше и во 59 минута, но овојпат во полза на Баерн. Павар постигна погодок, судјата повторно означи офсајд од Левандовски, но од контролните судии ја поништија одлуката на линискиот арбитар и германскиот претставник поведе. Мечот можеше да биде решен во 81 минута, но ударот на Толисо заврши во рамката на голот.

Баерни во финалето настапи без Томас Милер кој е заразени со коронавирусот. Според германските медиуми, Милер беше позитивен на тесторањето по тренингот во средата и веднаш е изолиран од остатокот на тимот. Пред патот во Катар уште двајца играчи, Леон Горетцка и Чави Мартинез, биле позитивни на тестирањето па останаа во изолација во Германија.

Мечот го пропушти и бекот Жером Боатенг кој во средата се врати во Германија поради смртта на неговата поранешна девојка. Триесет и четиригодишниот Боатенг и 25-годишпната Каси Ленхард ја прекинале врската пред десет дена, а дневниот весник Bild наведува дека манекенката е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Берлин, и оти наводно станува збор за самоубиство.

 

Втора титула за Баерн, Реал и натаму рекордер

За Баерн ова е втора тутула во клупскиот мундијал, откако во 2013 година во финалето го совладата тогашниот африкански шампион марокански Раџа Казабланка.

За Баерн Минхен ова е историски шести трофеј освоен во една година, откако претходно ги освоија германското првенстви, германските Куп и Суперкуп, европската Лига на шампионите и евроскиот Суперкуп.

За мексикански Тигрес утеха може да биде тоа што во својот прв настап на Клупското светско првенство стасаа до финалето станувајќи прв клуб од зоната КОНКАКАФ кој го остварил тоа.

Рекордер и натаму е Реал Мадрид со четири титули, Барселона трипатаи беше најдобра, а Баерни и Коринтијанс по двапати. По една светска клупска титула имаат Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Милан, Интер, Сао Паоло и Интернасионал.

Европските клубови освоија 13, а јужаноамериканските клубови преостанатите четири трофеи.
Освојувачи на трофејот: 4 – Реал Мадрид (2014, 2016, 2017 и 2018); 3 – Барселона (2009, 2011 и 2015); 2 – Коринтијанс (2000 и 2012); Баерн Минхен (2013 и 2020); 1 – Ливерпул (2019), Сао Паоло (2005), Интернасионал (2006), Милан (2007), Манчестер Јунајтед (2008), Интер (2010).

Клупските светски првенства се играат од 2000 година кога првото натпреварување се одржа во Бразил а победник беше домашниот Коринтијанс. Во периодот од 2001 до 2004 година овие натпреварвувања беа откажаа, а повторно започнаа во 2005 година и од тогаш се одржуваат секоја година во декември. Минатата година поради пандемијата на коронавирусот финалниот турнир не се одржа, туку беше одложен за овој февруари.

Покрај Браил, досегашни домаќини на првенствата беа и Јапонија, Обединетитите Арапски Емирати, Мароко и оваа година Катар,.

Од 2013 година започна непрекинатата серија на триумфи на европските шампиони на Светските клупски првенства, а започна токму со Баерн. Од тогаш пехарот го подигнуваа уште четири пати фудбалерите на Реал Мадрид, а по еднаш на Барселона и на Ливерпул.

Првото Светско клупско првенство во 2000 година се играше паралелно со Интерконтиненталниот куп, натпреварување коешто зеднички го органиизираа европската УЕФА и јужноамериканската фудбалска федерација КОНМЕБОЛ и коие се играше од 1960 година меѓу победникот на Купот на прваците (Лига на шампионите) и на Копа либертадорес. Последниот Интерконтинентален куп е одигран во 2004 година, а од следната година тоа натпреварување се спои со Клупското првенство на ФИФА.