Баерн супериорно чекор поблиску од рекордната 30-та титула

Минхенски Баерн направи голем исчекор кој обезбедувањето на рекордната 30-та титула во националното првенство а осма во низа, откако во саботата во мечот од 29-то коло на домашен терен ја совлада Фортуна од Диселдорф со 5:0.

Баерн поведе со автоголот на Матијар Јоргенен во 15 минита, а во 29 минита Бенјамин Павард го удвои водството. Следеа два погодока на Роберт Левандовски, во 43 и 50 минута, а „петката“ ја заокружи во 52 минута Алдонсо Давиес.

Интересно, до овој меч Фортина беше единствениот тим од оние кои во моментов настапуваат во Бундеслигата кому Левандовски не му постигнал гол. Полскиот напаѓач на Баерн оваа сезона постигна 29 погодоци, што во моментов е најдоброто постигнување во петте водечки лиги во Европа.

Со осмата последователна победа Баерн дојде до десет бодови предност пред Борусија Дортмундл која во недела гостува кај последнопласираниот Падеборн. Фортуина, пак е во зоната за разигрувње за опстанок во Бундеслигата со 27 бодови, а претпоследниот Вердер има 25 бодови.

Фудбалерите на Волфсбург го доживеаја и вториот домашен пораз во продолжувањето на лигата, откако на својот стадиотн беа поразени од Ајнтрахт од Франкфурт со 1:2. На „Волците“ лошо им тргне уште во 26 минута, кога двојиот стрелец од минатото коло во победата на гостувањето кај Баер Леверкузен, Марин Понграчиќ го собори Португалецот Андре Силва во својот шеснасетник. Силва самиот го изведе слободниот удар и го доводе во водство Ајнтрахт.

Домашните израмнија во 58 минута, кога на нафрлување на Арнолд од слободен удар Кевин Мбабу со глава ја погоди гостинката мрежа. Во 85 минута јапонскиот напаѓач Даичи Камада искористи празнина во домашната одбрана и ги однесе сите три бода во Франкфурт.

И покрај поразот Волсфбург остана на шестото место со 38 бодови, а Ајнтрахт се искачи на 12-то место со 32 бода.

Серијата порази ја продолжи и Шалке кој на својот терен во Гелзенкирхен со 0:1 беше поразен од Вердер. Ова е четвртиот последователен пораз на Шаллке кој веќе 11 кола со ред нема постигнато победа во Бундеслигата. За Вердер важните три бода во 32 минута ги постигна Леонардо Битенкурт со силен и прецизен удар од повеќе од 20 метри.

Шалке сепак успева да се одржи на средината на табелата, 10-ти е со 37 бодови, а Вердер сега има 25 бодови, претпоследен е 17-ти но сега само три бода помалку од позициите од кои и следната сезона ќе игра во првата лига.

Минимална гостинска победа во Мајнц оствари и Хофенхајм за кој погодокот го постигна Ихлас Бебу во 43 минута, откако во 27 минута пенал за гостите не реализираше Цубер. Мајнц тоне во опасната зона и остана на 15-то место со 28 бодови, а Хофенхајм продред на седмата позиција со 42 бода.

Во претпладневната саботна програма единствената домашна победа ја оствари Херта која не берлиснкиот „Олимписки стадион“ со 2:0 го победи Аугсбург. Стрелец на првиот погодок беше Хаваиро Дилросун во 23 минута, а победата ја потврди Кжиштоф Пјатек во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Херта сега е деветта со 38 бодови, а Аугсбург остана на 31 бод на 14-то место.

Во недела играат Борусија – Менхенгалдбах – Унион Берлин и Падеборн – Борусија Дортминд. Колото во понеделник го затвора мечот Келн – РБ Лајпциг.