Баерн убедлив во дербито кај Лајпциг, „луда“ победа на Борусија Д кај Баер

Во последниот натпревар од саботната програма на четвртото коло од германското фудбалско првенство, актуелниот шампион минхенски Баерн со 4:1 на гости го совлада РБ Лајпциг.

Баерн оствари сигурно водство од 3:0, кое започна со погодокот на Роберт Левандовски во 12 минута од пенал. Потоа домашната мрежа ја затресоа Џамал Мусиала во 47 и Лерој Сане во 54 минута. Лајпциг го намали заостанувањето преку Конреад Лајмер во 58 минута, но немаше сила да стори нешто повеќе. Во втората минута од судиското продолжение на мечот Ерик Максим Чупо-Митинг ги постигна конечните 4:1 за Баерн.

Баерн со три победи и едно реми со 10 бодови е вротопласиран на табелата зад Волфсбург кој има максимален учинок од четири победи во четирите кола и 12 бодови. РБ Лајпциг, пак, го има еден од најлошите стартови во првенството и со само едбна победа и три пораза е на 13-то место.

Во најатрактивниот дуел од попладневната програма Баер Леверкузен на домашен терен беше поразен од Борусија Дортмунд со 3:4, иако трипати беше во водство.

Домашните поведоа во 9 минута со погодокот на Флоријан Вирц и ја одржуваа предноста до 37 минута кога норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд израмни на 1:1. Но во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме чешкиот репрезентативен напаѓач Патрик Шик повторно го доведе Баер во водство. На почетокот од вториот дел, во 49 минута Борусија повторно израмни а стрелец беше Јулијан Бранд. Само шест минути подоцна, во 55 Муса Диаби повторно „Аптекарите“ го носи во водство, а во 71 минута од слободен удар Рафаел Гвероро израмнува на 3:3. Откако трипати го стасуваа водството на домашните, гостите во 77 добија пенал, а Халанд со својот втор погодок на мечот ја донесе победата на „Милионерите“.

Борусија Дортмунд сега со три победи и пораз односно 9 бодови е на третото место, додека Баер Леверкузен со 7 бодови е шести.

Волфсбург продолжи со победничката низа и дојде до четвртиот триумф. На гости кај новајлијата Грутер Фирт славеа со 20, а стрелци беа Лукас Нмех во 10 и Вут Вегхорст во 90 минута од пенал. Фирт со само едно реми и еден бод е на претпоследното 17-то место.

Унион Берлин и Аугсбург ремизираа без голови, домашниет сега се осми на табелата со шест бодовои, а гостите се 15-ти со два бода.

Келн на гости кај Фрајбург со погодокона Антони Модест во 33 минута имаше предност. Но во 74 минута гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Флориан Кајнц, а настојувањата на домашние резултираа со израмнувачкиот автогол во 89 минута што го постина Радал Чикоз.

Фрајбург пропушти можност да се пробие до второто место на табелата и остана моментални петти со осум бодови, додека Келн има бод помалку и е две места подолу.

Мајнц стаса до третата првенствена победа, на гости го совлада Хофенхајм со головите на Џонатан Буркард во 21 и Маркус Ингварсен во 77 минута. Мајнц со девет бодови е четврти израмнет со Борусија Дормунд, а Хофенхајм е деветти на табелата со четири бодови.