Багдад потврди дека САД го намалуваат бројот на војници во Ирак

Американските сили започнале да го намалуваат ројот на своите војници во Ирак, откако владата во Багдад прогласи победа над ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, изјави портпаролот на ирачката влада во понеделникот.

Ирачките сили со воздушната поддршка од меѓународната коалиција предводена од САД и копнената од шиитските милиции и доброволци од Иран, до крајот на 2017 година го зазема сите области коишто ги освои Исламската држава во нејзината ненадејна офанзива летото 2014 година, вклучително и доминантно сунитскиот град Мосул на северот од земјата, од каде што џихадистите го прогласија нивниот „калифат“ кој зафаќаше ирачка и сириска територија и кој дефакто ја имаше улогата на нивна престолнина.

„Американските сили започнаа да го намалуваат бројот на војниците откако беше постигната победа на Даеш (арапски акроним за Исламската држава – ИСИЛ). Координацијата продолжува, за да е одржи (американската помош) на ирачките сили во согласност со нивните барања“, изјавил владин портпарол за агенцијата Reuters.

Се проценува дека САД имаат околу 7.000 војници во Ирак, иако Пентагон признава околу 5.200. Американските војници, претежно беа ангажирани во обуката и советувањата за ирачките безбедносни сили, или како логистика.

Меѓународната коалиција соопшти дека „фокусот ќе го префрли од овозможувањето на борбените операции на одржување на воените достигнувања“ против силите на Исламската држава.

„Коалицијата ќе ги прилагоди своите сили во советување со своите ирачки партнери за да обезбеди траен пораз на Исламската држава“, изјави командантот со операциите на коалицијата, бригадниот генерал Џонатан Брага.

Додал де ка, иако структурата на силите се менува, коалицијата ќе остане и ќе ја одржува способноста и присутноста, како и ќе продолжи да ги обучува, советува и опремува ирачките сили за да осигури Исламската држава повторно да не се појави.

Американски функционери изјавија дека иако Исламската држава загубила повеќе од територијата којашто некогаш ја контролираше во Ирак и во Сирија, постои загриженоста дека преостанатите милитантни би можеле повторно да им се вратат на бунтовничките тактики.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.