Бахреин им нуди вакцинирање на учесниците во Формула 1

Заливската земја Бахреин, каде што во март ќе се одржи претсезинското тестирање, а потоа и првата трка од новата сезона во Светското првенство во класата Формула 1, понуди доброволно вакцинирање против Covid-19 за сите лица вклучени во организацијата при доаѓањрто во земјата.

По одложувањето на трката за Големата награда на Австралија, закажана за 21-ви март, Кралството Бахреин годинава е домаќин на претсезонските тестови од 12-ти до 14-ти март, а потоа и на првата трка од новото првенство на 28-ми март.

„Големо мнозинство од учениците ќе бидат во Бахреин три седмици пред трката. Ова ја нуди единствената можност за давање дополнителна заштита на оние кои сакаат да ја искористат оваа прилика преку вакцинирањето на вакцината на Pfizer/BioNTеch“, објавија организаторите на трката.

Бахреин во моментов ја има една од највисоките стапки на вакцинирање на населнието во светот со пет различни вакцини кои се достапни за неговите граѓани.