Бајден го сочува водството во предизборната трка на демократите

Поранешниот американски потпретседател Џозеф Бајден го задржал убедливото водство според популарноста меѓу претендентите за номинацијата на Деморкатската партија за претседателските избори во 2020 година, покажуваат најновите резултати од истражувањето на јавното мислење објавни во средата, спроведено од социолошкиот институт Langer Research Associates по нарачка на телевизиската мрежа ABC News и весникот The Washington Post.

Според овие резултати, 29 отсто од испитаниците го поддржуваат Џо Бајден, а најмалку 23 отсто го претпочитаат сенаторот од сојузната држава Вермонт, Берни Сандерс. Сенаторката од Калифорнија, Камала Харис има поддршка од 11 отсто, а ист толкав процент од испитаниците ја поддржуваат сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен. Градоначалникот на градот Саут-Бенд во државата Индијана, Пит Буттеџаџ и поранешниот градоначалник на тексашки Сан Антонио, Џулиан Кастро имаат 4-процентна поддршка, додека другите кандидати уживаат поткрепа од 2 и помалку отсто.

Истражувањето било спроведено по правите дебати во рамките на демократските предизбори, кои се одржаа минатата седмица. Претходно, според различните анкети, рејтингот на поранешниот потпретседател се движеше од 20 до 45 отсто, сенаторот од Вермонт кој минатата предизборна трка контроверзно ја загуби од Хилари Клинтон има од 10 до 27 отсто поддршка. Покрај овие двајца, во анкетите се јавуваат и Ваттеџаџ со 4 до 9 и Харис со 5 до 8 отсто поддршка.

Најмалку 45 отсто од анкетираните во истражувањето на Langer Research сметаат дека Бајден има најголеми шански да го победи актуелниот републикански претседател Доналд Трамп на изборите во 2020 година. Со 18, 9 и 7 отсто мислење дека може да го победат Трамп се поддржани Сандерс, Харис и Ворен.

Меѓутоа, само 18 отсто од испитаниците гледаат нови идеи во изјавите на Бајден, додека овој показател е далеку повисок кога станува збор за Сандерс – 27 отсто, како и кај Ворен, исто така, 27 отсто и Харис со 26 отсто.

Анкетата била спроведена на англиски и на шпански јазик во периодот од 28-ми јуни до 1-ви јули, преку фиксни и мобилни телефони со учесто на малку повеќе од илјада гласачи, а маргината на грешка изнесува 5,5 отсто.

Педесет и деветтите претседателски избори во САД ќе се одржат на 3-ти ноември 2020 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.