Бајден вети продолжување на договорот СТАРТ-3 доколку стане претседател на САД

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден изјави дека има намера да го продолжи американско-рускиот договор за стратешкото вооружување СТАРТ-3 доколку победи на американските претседателски избори следната година како кандидат на опоуициската Демократска партија.

Прашањето за иднината на споменатиот Договорот за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ-3) е една од основните точки во преговорите меѓу САД и Русија за стратешката стабилност.

„Ќе се обидам да го проширам СТАРТ-3, основата на стратешката стабилност меѓу САД и Русија, и ќе го искористам како основа за нови договори за контролата оружје“, изјави Бајден на собир со приврзаниците во Њујорк.

Додаде дека доколку биде избран за претседдател, САД исто така ќе се вратат во меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, доколку Техеран , исто така, го прифати тоа.

Договорот СТАРТ-3, потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на суперсилите Барак Обама и Дмитриј Медведев, останува единствениот договор во моментов кој е на сила меѓу САД и Русија за ограничување на оружјето. Договорот истекува во 2021 година, а досега Вашингтон не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека на 2-ри февраури годинава се повлече од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел. Москва, пак, во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп би сакал да ја вклучи Кина во разговорите за продолжување на договорот за стратешкото ракетно вооружување СТАРТ-3, рече кон средината на јуни неговиот советник за национална безбедност Џон Болтон.

Болтон ја истакна желбата на САД во разговорите да бие вклучена и Кина, којашто во моментов не е ограничена од одредбите од споменатиот договор, во преговорите за контролата над вооружувањето, во услови на постојано зголемување на ризикот од ширење на оружјата за масовно уништување во современиот свет.

Според некои експерти, Пекинг во случај да се направат сериозни обиди да биде вклучен во новите преговори за Договорот за намалување на стратепкото оружје (СТАРТ-3), ќе бара Русија и САД своите стратешки офанзивни потенцијали да ги намалат за седум пати.