Бајрам: Седум дена лежам во болница, но за среќа, арен сум

Лидерот на Сојузот на Ромите на Македонија, Амди Бајрам  изјави дека од пред неколку дена е хоспитализиран на Кардиологија.

„ Многу ме вознемири веста која вчера и завчера ја објавија некои медиуми, а никој не ја проверил, а во која се велеше дека завчера сум пренесен на Кардиологија поради срцев удар. Тоа е лага. Јас на одделението сум веќе седми ден. Седум дена лежам во болница, но за среќа, арен сум. Денеска ги чекам деталните анализи за да видиме што ќе каже доктор Сашко Кедев. Ми кажаа дека сум имал течност во срцето, и ќе минам со коронографија. Уф, мори мајко. Тоа ти е брат“, изјави за Плусинфо пратеникот Бајрам.

Лекарите од Клиниката за кардиологија велат дека здравствената состојба на Бајрам е добра, но го советувале да припази на своето здравје, посебно во постболничкиот период, но  го советувале да не се нервира оти сето тоа му се одразувало на кардиоваскуларниот систем.