Бакс донесоа уште еден Антетокунмпо

Екипата којашто имаше најдобар сооднос меѓу победите и поразите во лигашкиот дел од минатата сезона во НБА лигата, Милвоки Бакс, го ангажираа Танасис Антетокунмпо, постариот брат на добитникот на признанието за најкорисен играч (МВП) на сезоната, Јанис Антетокунмпо.

Дваесет и шестгодишниот Танасисс Антетокунмпо со Мливоки Бакс потпишал договор на две години, соопштија од клубот. Вредноста на договорот според медиумите изнесува 3 милиона долари.

Досега тој настапуваше за грчкиот прволигаш Панатинаикос со кого освои две последователни титули првак на Грција во последните две сезони.

Постариот Антетокунмпо во 2014 година во вториот круг од „драфтот“ како 51-ви пик го избраа Њујорк Никс за кои одигра два натпревара во јануари 2016 година.Со овој договор Милвоки Бакс следната сезона во ростерот ќе имаат две братски тандеми: Јанис и Танасис Антетокунмпо, како и Брук и Робин Лопез.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.