Бакс со победата над Лејкерс во доигрувањето

Кошаркарите на Милвоки Бакас беа синоќа подобри од домашните Лос Анџелес Лејкер со 131:120 во средба од регуларната сезона на НБА.

Со тоа Бакс си обезбедија предвремено учество во плеј-офот, откако запишаа седми последователен успех во лигата и остануваат лидер во Источната конференција, додека Лејкерси се десетти на Запад.

Ерик Бледсоу постигна 31 поен и9 асистенции. Малколм Брагдон постигна 21, а најголемата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетекумбо реализираше „дабл-дабл“ – 16 поени и 15 скока.

За Лејкерс, Џејмс и Инграм постигнаа по 31 поени, а Ражон Рондо додаде 20 поени, 8 скока и 9 асистенции, но тие се покажаа крајно недоволни за избраниците на Лук Волтон.

Во следните дуели, Милвоки гостува кај Јута Џез додека тимот од Ел Еј патува до Феникс Санс.

Останатите резултати од вечерта:

Атланта Хокс – Чикаго Булс – 161: 168 по четири продолженија
Бруклин Нетс – Шарлот Хорнетс 112: 123
Торонто Репторс – Портланд Трејлблејзерс 119:117
Бостон Селтикс – Вашингтон Визардс 107: 96
Феникс Санс – Њу Орлеанс Пеликанс 116: 130
Сакраменто Кингс – Л.А. Клиперс 109: 116